Македонија унгарија со поддршка

Сијарто: Страшно е што Македонија не може да ги почне преговорите поради Бугарија

ЕУ има потреба од Западен Балкан. ЕУ треба да признае дека местото на Западен Балкан е таму и проширувањето на Унијата треба да почне веднаш и вистинските преговори со Северна Македонија треба да почнат веднаш, изјави министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој е во посета на државава.

Предупредува дека уште постојат некои земји-членки што го забавуваат овој процес и поставуваат пречки.

„За нас ова е страшно, страшно е што Бугарија го блокира писмото што требаше да ѝ се испрати на Северна Македонија пред неколку недели.

Таа е кандидат веќе 18 години и да не може да ги почне преговорите е одвратно, тоа покажува непочитување на земјата“, потенцира Сијарто.

„Кога ќе го преземеме претседателството со ЕУ, ќе ги превртиме сите камења за да бидеме сигурни дека пристапувањето на Северна Македонија и на целиот Западен Балкан ќе се случи што е можно побргу“, прецизира шефот на дипломатијата на Унгарија.

To top