Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје во изминатото деноноќие гаснеше пожари во населени места во Скопско. Со едно противпожарно возило и четири пожарникари од 17:20 до 20:15 часот гаснеа запалена шума над рудникот „Бањани“ во Општина Чучер Сандево.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане вчера од 14:20 до 18:30 часот со едно противпожарно возила и двајца пожарникари интервенирале на запалена нискостеблеста шума и ниска вегетација кај селата Степанце и Бајловце.
– Во последното деноноќие имало извештаи дека на повеќе места во државата пожарникарите имале помали интервенции, што најчесто значи дека имало гаснење пожари на отворено: отпадоци, контејнери, соопшти ЦУК.
ЦУК апелира да не се палат отпадоци и контејнери на отворено бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиенталниот воздух и граѓаните да ги слушаат препораките на пожарникарите во поглед на чистење на оџаците.
Граѓаните да внимаваат при прошетките во природа на повисоките места и планините во нашата држава бидејќи при вакви зимски услови со снег и мраз е лизгаво, особено на осоите.