Активен шумски пожар од вчера попладне има меѓу селата Барово, Бесвица и Вешје во општина Демир Капија. Од утринава на терен интервенираат осум пожарникари со две возила од Територијалната противпожарна единица од Неготино заедно со вработени од јавното претпријатие „Национални шуми“.
Како што информира утринава Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информација од Регионалниот ЦУК Велес, зафатена е површина од нискостеблеста деградирана шума и дел од борова шума. Пожарот избувнал вчера околу 16 часот, а интервенирале тим од пет пожарникари со едно противпожарно возило кои во 21 часот се повлечени од терен.