Сакам од се срце да ви се заблагодарам на секој еден од вас кој се приклучи и донираше во хуманитарната акција „Солидарноста на дело“, организирана од Градскиот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти Борис Шамбевски, претседател на Комитетот на УМС.
-Акцијата е успешно завршена, а донациите се веќе поделени на семејства на кои навистина им беа најпотребни. Благодарение на вашата хуманост и солидарност, заедно направивме неколку десетици семејства, празниците да ги дочекаат со повеќе надеж, достоинство и топлина, соопшти Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ за објавата на Фејсбук на Шамбевски.
Тој посочува дека ова „не е заслуга на поединци туку на сите нас заедно, доказ дека кога сме обединети можеме да направиме вистинска разлика“.
-Ви благодарам уште еднаш на секој кој помогна, продолжуваме и понатаму да бидеме таму каде што е најпотребно, истакнува претседателот на Градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.