Македонија 33,3% зголемување

Сезонскиот грип во подем: Повеќе заболени споредбено со минатата сезона

Сезонскиот грип во подем: Повеќе заболени споредбено со минатата сезона

Во текот на 43. недела од 2025 година – од 20 до 26 октомври, во земјава се евидентирани  56 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, што претставува намалување од 32,5 отсто во споредба со минатата недела, соопштија денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– За споредба, во 43. недела од минатата сезона, регистрирани беа 42 заболени лица – зголемување од 33,3 проценти, додека во однос на моделот за последните 15 сезони, се регистрира намалување од 10,5 отсто, појаснија од ИЈЗ.

– Во однос на возраста, од 15-64 години се регистрирани 48 лица, лица над 65 години – 5, од 5-14 години – 2 лица и од 0-4 години – едно лице. Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=22,03/100.000), односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип, потенцираа од ИЈЗ.

To top