Македонија

Серијал „Бисера Антоанета“, скандал за аздисаноста во раскошот на власта на СДС, денес 11.15 минути прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ

Серијалот пресконференции насловени “Бисера Антоанета”, е серијал кој ќе презентира скандали за аздисаноста во раскошот на власта на СДС, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Серијал „Бисера Антоанета“, скандал за аздисаноста во раскошот на власта на СДС, денес 11.15 минути прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ

Преку докази ќе покажеме како власта на СДС трошела народни пари на луксуз, раскош и лична сатисфакција на министрите.

Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура од СДС е новата “Марија Антоанета”, преку нејзиниот начин на трошење ќе можат граѓаните да заклучат зошто зборуваме за ограбена држава.

Очигледно е дека СДС како власт не штеделе, од најобични работи, до тендери, се трошело како да нема утре, или како познатата реплика на Марија Антоанета, “Ако нема леб, дајте им колачи” во случајот на Македонија со СДС за народот немало ниту леб, ниту колачи, но за Бисера Костадиновска Стојчевска имало се.

Следете ја нашата прес конференција денеска во 11.15, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

To top