Македонија зијадин села

Села на открива дали ќе се приклучи во Европскиот фронт на Ахмети

Ќе се окрупни ли „Европскиот фронт“ на Али Ахмети или ќе остане единствено на колалицијата со Скендер Реџепи?

Села на открива дали ќе се приклучи во Европскиот фронт на Ахмети

Ќе се окрупни ли „Европскиот фронт“ на Али Ахмети или ќе остане единствено на колалицијата со Скендер Реџепи?

Канал 5 побара одговор од Зијадин Села кој има покана од ДУИ да се приклучи заедно заедно со Мендух Тачи и Арјанит Хоџа, но тој засега не сака го да открие планот за настап на парламентарните избори.

Дел од политичките аналитичари оценуваат дека овие партии кои имаат помалкубројно гласачко тело на крај ќе бидат принудени да ја прифатат понудата од Ахмети бидејќи само така би имале гарантирани пратенички места, но по вчерашниот настан веќе е извесно дека нема ништо од најавите за единствен „европски фронт“ во кој би била и коалицијата предводена од СДСМ..

Помалите партии, па дури и Алијанса, кога не би настапиле заедно во коалиција поголема партија како ДУИ туку сами, не би освоиле ниту еден пратеник. Така што, за нив нема логика да останат сами на изборите, особено бидејќи нивните бројки се распоредени во повеќе изборни единици, безмалку укажуваат на тоа дека би останале без пратенички места, а вака во коалиција со ДУИ би донеле дополнителна вредност и за ДУИ. “-Петар Арсовски – политички аналитичар

Едните кои се блиски до ДУИ и водени од ДУИ, а втората која што ги собира македонските партии блиски до СДСМ. Не може сите да бидат „европски“ фронт, овие две коалиции да не заборавиме дека ќе се натпреваруваат една со друга. “-Бесим Небиу – политички аналитичар

И Арсовски и Небиу сметаат дека големо влијание врз овие парламентарни избори ќе има првиот круг од претседателската трка. Велат дека 24 април ќе биде денот кога ќе се измери расположението на гласачите за партиите, особено поради тоа што повеќето од нив имаат свои, а не заеднички кандидати.

Ќе имаат сериозно влијание. Рејтинзите на партиите, пресликани преку нивните претседателски кандидати ќе влијаат на етаблирањето на вкупната атмосфера и ќе создадат еден ефект- тој што ќе води на претседателските избори ќе може да се надева на некој глас повеќе на парламентарните избори затоа што ќе се етаблира перцепцијата за победник. Истото ќе се случува и во македонскиот и во албанскиот блок. “-Петар Арсовски – политички аналитичар

Резултатот од претседателските избори (прв круг) може да доведе дури и до промени кај неопределените и оние кои не се партиски детерминирани на силен начин да се одлучат да излезат и да гласаат на изборниот ден. “-Бесим Небиу – политички аналитичар

Според најавите, поголемите политички партии во претстојните два викенди ќе ги објават нивните кандидатски листи за пратеници. В сабота СДСМ на конгрес, а следниот викенд и ВМРО-ДПМНЕ, пред рокот кој истекува на 2 април.

Најнови вести од Македонија

To top