Македонија Собрание

Седници на три собраниски комисии

На дневен ред на Комисијата за европски прашања е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи, во прво читање. 

Седници на три собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за финансирање и буџет и Законодавно – правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи, во прво читање.

Измените и дополнувањата на овој закон се на дневен ред и на Комисијата за финансирање и буџет, на која исто така на дневен ред се и измените и дополнувањата на Законот за регистрирање на готовински плаќања, на Законот за девизното работење, на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, на Законот за банките, сите во прво читање како и измените на Законот за финансиската инспекција во јавниот сектор, во прво читање.

To top