Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.
Членовите на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање ќе го разгледаат барањето од Агенцијата за национална безбедност за давање согласност за назначување на раководител на организациската единица за внатрешна контрола во Агенцијата.
Предлог Законот за изменување на Законот за полиција и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, двата по скратена постапка се на дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност.
На дневен ред на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање се Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2026 година и Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2026 година.
Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги разгледаат Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција во второ читање, Предлог Законот за изменување на Законот за извршување на санкциите, по скратена постапка и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, исто така по скратена постапка.
На дневен ред на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика се Предлог законот за дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за возила, двата по скратена постапка.
На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се Предлог законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот на ЕСМ за Фотонапонска електроцентрала Битола 3, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје,
Предлог законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за Фотонапонска електроцентрала Битола 3 и за дополнително финансирање на Проектот за ревитализација на хидроелектрани, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КфВ и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, Предлог законот за изменување на Законот за буџети и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација, сите по скратена постапка.
Пред членовите на Законодавно-правната комисија се Предлог Законот за изменување на Законот за полиција, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Предлог Законот за изменување на Законот за извршување на санкциите,
Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, сите по скратена постапка.
На дневен ред се и Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција во Второ читање, Предлог законот за дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, по скратена постапка, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка, Предлог законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот на ЕСМ за Фотонапонска електроцентрала Битола 3, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, по скратена постапка,
Предлог законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за Фотонапонска електроцентрала Битола 3 и за дополнително финансирање на Проектот за ревитализација на хидроелектрани, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КфВ и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, по скратена постапка, Предлог законот за изменување на Законот за буџети, по скратена постапка, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација, по скратена постапка.