Во Собранието за денеска се закажани седници на пет собраниски комисии. Според информациите објавени на веб страницата, седници треба да одржат Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на кмуникациите, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања е предлогот за основање на работна група за етички кодекс, а на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе бидат разгледани Предлог-измените на Законот за управуавње со конфискуван имот и Предлог законот за рехабилитација во прво читање.
Членовите на Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите ќе го разгледаат годишниот извештај за работењето на Оперативно – техничката агенција за 2024 година, а на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање ќе бидат разгледани предлог заклучоците за вршење надзор во овие две агенции.