Македонија

Седници на две собраниски комисии

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно правната комисија.

Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе дискутираат по Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти, Предлог законот за вработените во Министерството за одбрана, во прво читање, како и за Информацијата за потребата на доделување на договор влада со влада за набавка на лесни оклопни возила на тркала, со склучување на договор помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави.

На дневен ред на Законодавно правната комисија се неколку точки – Предлог на законот за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово за заеднички гранични премини „Блаце-Елез Хан“ и „Јажинце-Глобочица“, Предлог на законот за ратификација на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

На дневен ред на оваа комисија се и Предлог законот за ратификација на Спогодбата за дополнување на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Предлог одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија,, Предлог на законот за вработените во Министерството за одбрана – во прво читање и Барањето за давање на автентично толкување на член 62 од Законот за високото образование(*) (Службен весник на Република Македонија број 82/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија број 178/21), поднесено од пратеникот Фиснике Бектеши Шаќири.

Најнови вести од Македонија

To top