Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање.
Пред членовите на Комисијата се Предлог на одлуката за давање согласност на Предлогот на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2026 година и Предлог на одлуката за давање на согласност на Предлогот на Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2026 година, во второ читање.