Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе го одржи продолжението на четвртата седница.
Како што стои во најавата на собранискиот календар, пред членовите на оваа Комисија останата е само една точка на дневен ред – утврдувањето Предлог – одлука за избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците.