Македонија Собрание

Седница на Буџетскиот совет на Собранието

На дневен ред е Предлог- одлука за давање на финансиска согласност на Предлог-годишниот план за изменување и дополнување на Годишниот план за вработување во Службата на Собранието за 2025 година.

Седница на Буџетскиот совет на Собранието

Во Собранието денеска ќе заседава Буџетскиот совет. На дневен ред е Предлог- одлука за давање на финансиска согласност на Предлог-годишниот план за изменување и дополнување на Годишниот план за вработување во Службата на Собранието за 2025 година.

Членовите на Буџетскиот совет треба да донесат и заклучок за изменување на Заклучокот за утврдување на бројот на надворешни соработници во пратеничките групи, и да дадат мислење по Предлогот за започнување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад за стварите кои поради нивна дотраеност, неисправност и технолошка застареност, не се користат од страна на Собранието на Република Македонија.

To top