Македонија цук

Се уште активни пожарите на Жеден и на Шар Планина

Од 17-те пожари на отворено, се уште се активни два – на Шар Планина и на планината Жеден.

Се уште активни пожарите на Жеден и на Шар Планина

Во последното деноноќие се регистрирани 17 пожари на отворено. Горела нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери, соопшти ЦУК.

Од 17-те пожари на отворено, се уште се активни два – на Шар Планина и на планината Жеден.

Во ЦУК во 06.05 часот е добиена информација од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) Скопје и Полициска станица Сарај дека пожарот околу врвот на планината Жеден, каде што гори претежно трева и евентуално грмушки се уште е активен, но со намелен интензитет и дека заради тоа што во текот на денот постои можност од негово разгорување, тој ќе се надгледува. Вчера, заради ноќни улови и непристапен терен скопската БППЗ не можеше да интервенира.

Од Национален парк „Шар Планина“ известуваат дека утрово ќе одат на терен да ја видат состојбата со пожарот над село Вешала и ќе известат за ситуацијата. Во текот на вчерашниот ден, согласно теренот и условите, екипи на ТППЕ Тетово и ренџери од Национален парк „Шар Планина“ учествуваа во негово гаснење.

Од ЦУК повторно аплираат да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар да се пријавува на Единствениот повикувачки број 112, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

To top