Александар Јошески од Прилеп на кого му беше изгубена трагата завчера попладне, за жал, синоќа беше пронајден починат.
На Фејсбук се огласи и неговата ќерка, која го објави и апелот за пронаоѓање на овој човек, но потрагата заврши кобно.
-Го пронајдовме. Ви благодарам на сите за помошта. Бог да го прости, не е повеќе меѓу нас, напиша Ана Марија Јошеска.