На 26 април пред 32 години беше воведен денарот како национална валута и беше воспоставена институционална рамка на монетарниот систем, односно Народната банка започна да функционира како самостојна централна банка.
-Овој датум е значаен во нашата историја, бидејќи со монетарната самостојност се заокружи целовитоста на процесот на формирањето на нашата држава! Во изминатите 32 години, Народната банка се соочи со голем број предизвици, на кои успешно им одговори, додека денарот беше и ќе остане да биде „сидрото на стабилноста на нашата економија“, стои во објавата на Народната банка на Фејсбук.