Три дена по катастрофалниот дебакл на локалните избори, најголемиот губитник на истите ќе оддржи прес-конференција на која се очекува да соопшти кои членови ан раководството ќе бисдат сменети од позициите. Иако очекувањата се и тој да понденсе, Филипче самиот пренесе дека такво нешто не доаѓало во предвид, демек премногу кратко време ја водел СДСМ, ја консолидирал пустиот. Резултатот на изборите, би требало да биде продукт на таа консолидација…
Помпезно, СДСМ денеска најави дека „Ве известуваме дека денеска, 05.11.2025 година (среда) со почеток во 12:30 часот, во седиштето на СДСМ, прес конференција ќе одржи претседателот на партијата д-р Венко Филипче.“
Па сфатија дека „лидерот“ не им е „спремен“, та си префрлија за 13 часот…
Ќе изненади ли со сопствена оставка или поразот ќе го струполи врз само грбот на сопственото раководство.
Поверојатно, она второто.
Јавноста е во очекување на новите лица во, со ваков „лидер“, осуденото на пораз „ново“ раководство на СДС…
Главната и РЕАЛНА дилема е – КОГО ЛИ СЕГА ИЗБРАЛ ЗОРАН ЗАЕВ?
На крајот, испадна дека Венко свикал прес за да повика власта да ги усвои Уставните измени и итно да ги внесе Бугарите во Уставот, како реакција на перфидниот Извештај/притисок на ЕК.
Уште понакрајот, ќе испадне дека муабетите за ковџежињата со бугарски милиони за Заев и блиските функционери, не се само муабети…