Со започнување на второто полугодие од тековната учебна година Секторот за внатрешни работи Тетово ги интензивираше планираните превентивно-контролни активности за поголема безбедност на учениците во тетовските средни училишта.
-Денеска се спроведе контрола во возилата, претежно автобуси, со кои организирано се превезуваат учениците во едно од тетовските средни училишта. Целта на овие активности кои во континуитет ќе се реализираат и наредните денови е навреме да се превенираат несакани појави и состојби кои би ја довеле во прашање вкупната безбедност на учениците во и надвор од училиштата, пред и по завршување на наставата, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Секторот за внатрешни работи Тетово без исклучоци ќе презема мерки за санкционирање на сите констатирани пропусти и недостатоци од ваква природа и карактер, во функција на поголема лична и заедничка безбедност на средношколците во Полошкиот регион