Патот до ЕУ е тежок и долг, но дава единствена реална надеж за светла иднина на нашата земја и сите наши граѓани, се вели во партиското соопштение на владејачката СДСМ.
Со Пендаровски е остварлива надежта за европска иднина. Со визија за интегрирана, стабилна и просперитетна Македонија во Европа како единствена надеж и оптимизам за подобро утре на сите граѓани, Пендаровски е победнички кандидат за најважниот аспект, иднината на државата, на народот. Граѓаните сакаат прогрес, економски напредок, стабилност, мир и спокој. Затоа на претстојните избори ќе дадат силна поддршка за Пендаровски, истакнуваат од СДСМ.