Македонија соопштение

СДСМ: Слаби кадри за техничката Влада, ДПМНЕ нема ниту кадровска ниту програмска понуда

ДПМНЕ нема никаква програмска понуда, а сега уште еднаш потврди дека нема ниту кадровски потенцијал. ДПМНЕ за техничката влада понуди слаби и нестручни кадри, се вели во партиското соопштение на владејачката СДСМ.

Дел од предложените кандидати за во техничката влада се лични пријатели на Христијан Мицкоски, дел се поранешни функционери во град Скопје, а дел се кадри од времето на Груевски. Ѓоко Велковски е претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Чаир и советник во општината. Беше назначен за генерален секретар на Град Скопје, а потоа и разрешен. Стефан Андоновски е исто така советник во Советот на Град Скопје. Хаосот што се случува во Скопје најавува што може да се очекува од ваквите кадри на Мицкоски во техничката Влада. Елена Петрова е вработена во УЈП, позната е меѓу колегите по тоа што додека била на раководно место се вработила во УЈП и нејзината сестра. Панче Тошковски е личен пријател на Мицкоски, негов долгогодишен соработник. Во отуство на професинален кадар, кој ја познава работата на МВР, очигледно личните релации се единствен критериум за неговиот избор. Цветан Трипуновски е олицетворение на режимската матрица во ДПМНЕ, кој како кадар на Груевски ги поддржуваше погубните политики на ДПМНЕ во земјоделството. Беше организатор на лажните протести а има и кривична пријава за злоупотреба на службената должност, истакнуваат од СДСМ.

Заедничко за сите нив, е што зад себе немаат никакви резултати, порачуваат од владејачката партија.

Најнови вести од Македонија

To top