Она што го нуди ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштина промена за подобро утре, се вели во партиското соопштение на владејачката СДСМ.
Силјановска Давкова ги спроведува политиките на ДПМНЕ на блокади и кочење на европскиот пат во македонското Собрание, се противи на Договорот од Преспа и на Преговарачката рамка за влез во ЕУ. Силјановска е реприза на Иванов. ДПМНЕ не може да донесе никаква промена на подобро, потврда за тоа е катастрофата што се случува во Скопје но и во општините коишто ги води. Патот до ЕУ е тежок и долг, но дава единствена реална надеж за светла иднина на нашата земја и сите наши граѓани. Изборот е јасен: ЕУ со Стево Пендаровски или изолација со Гордана Силјановска, истакнуваат од СДСМ.