СДСМ е обединета и силна партија, која издржала и време и невреме, која издржала и добро и лошо и партија која секогаш останала на браникот на татковината, велат од партијата.
Оттаму додаваат дека активно работат на терен и се мобилизираат за парламентарните избори.
-Дел од граѓаните кои решиле да не излезат на изборите очекуваме да гласаат во вториот круг претседателски и на парламентарните избори. Нема откажување. СДСМ им подава рака и ги повикува сите прогресивни сили на мобилизација на 8 мај. Да не дозволиме државата да застане, да се врати назад во темното режимско минато, во времето на внатрешни конфликти и поделби. Да не дозволиме некој нов 27 април или 24 декември, масовно прислушување, тефтерчиња, МВРО, да не дозволиме да се вратат пресметки со неистомисленици, закани и уцени, полициски упади во медиуми, затворање на новинари…, се наведува во соопштението.
Како што велат, тоа е можно со целосна мобилизација на сите прогресивни сили и глас за СДСМ, Коалицијата за европска иднина и Стево Пендаровски на изборите на 8 мај.