СДСМ со голем број на мерки и активности за унапредување на производството на грозје и вино обезбеди поголема поддршка за лозарите, повисоки откупни цени и поголем извоз, се вели во партиското соопштение на владејачката СДСМ.
Успешноста на мерките се потврдува со фактот што Македонија стана број еден извозник на вино во регионот и 13-ти извозник на вино во светот. СДСМ за прв пат воведе грантови од 10.000 евра за поддршка за купување на опрема на малите производители на храна но и за малите семејни винарии, како и грантови од 5.000 евра за отворање на мали дестилерии. Како резултат на мерките во моментов има 255 регистрирани винарии за производство на вино што е рекорд во историјата на нашата држава во однос на организарано прозиводство на вино, откуп на грозјето и секако продажба на високо квалитетно вино на дома и во странство. Исполнето е ветувањето за авансна исплата на субвенциите. На крајот на минатата година 30% од основната субвенција е исплатена на производителите на вино, со што тие добија авансни 12.000 денари субвенција. На крајот на 2024 година лозарите ќе добијат повторно авансна исплата. Исполнето е уште едно ветување – оваа година подршката за набавка на зелена нафта се зголемува за 100% и таа ќе изнесува 9.600 денари по хектар лозов насад, истакнуваат од владејачката партија.
Со новиот закон за вино лозарите добиваат гарантирана цена за откуп на грозјето, но и нова посебна програма за финансиска програма за поддршка и развој на лозарството и винарството. СДСМ продолжува со силна поддршка за лозарството и производството на вино, што е една од најзначајните гранки во нашата земја, со стратешка економска важност, порачуваат од СДСМ.