Македонија етикети

СДСМ никако да сфатат дека се политичка партија, а не уредници во медиуми

Откако видоа дека измислените скандали не поминаа во јавноста и дека се фатени во големи лаги, СДСМ почна да етикетира медиуми.

СДСМ никако да сфатат дека се политичка партија, а не уредници во медиуми

Откако видоа дека измислените скандали не поминаа во јавноста и дека се фатени во големи лаги, СДСМ почна да етикетира медиуми.

Имено денес портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на прес-конференција етикетираше медиуми кои во изминатите неколку дена им ги обелоденија лагите кои тие како партија сакаа да ги растурат како пердуви во јавноста со цел да се направи паника меѓу граѓаните.

СДСМ откако катастрофално изгуби на парламентарни, а годинава и на локални избори, кога видоа дека рејтингот им паѓа, решиаја истиот да го „билдаат“ со ширење паника дека во Македонија ќе доаѓаат мигранти од Велика Британија.

Пред само неколку дена нивниот лидер, Венко Филипче избега да одговори на новинарски прашања токму за темата со мигрантите, со што не добивме одговор дали има еден единствен доказ за шпекулацијата од Британија,  лажна вест (fake news) со која опозициските медиуми се поткусуруваат со владата во Лондон.

Македонската јавност остана покуса и за одговор, како тоа „лидерот“ на СДС им верува на британски таблоиди без ниту еден факт во шпекулантските текстови повеќе отколку на Британската амбасада во Скопје, на премиерот на македонската држава како и на првиот човек на МВР.

Толку силно и брзо „излета“ од говорницата што не успејавме да дознаеме и дали по објавата во британските таблоиди дека земјата е рамна плоча, Филипче и СДС подготвуваат Резолуција во Собрание за промена на македонските учебници по географија.

Се извинуваме и за фотографијата каде тој е заматен, но принтскринот е таков токму поради огромната брзина со која Филипче излета, во уплав и паника од новинарските прашања.

Политичките субјекти треба да се воздржат од јавно етикетирање и дискредитација на медиумите. Таквите настапи можат да влијаат ограничувачки врз слободата на изразување и да ја намалуваат довербата во јавноста, што оправдано буди грижа и е за осуда. Во конкретниот случај, СДСМ, наместо јавно да ги рецензира медиумите, ќе беше посоодветно да ги искористи механизмите на саморегулаторните тела. Доколку постои сомнеж за неетичко или непрофесионално известување, на располагање стојат утврдени саморегулаторни механизми, како Советот за етика во медиумите и Советот на честа, преку кои може институционално и аргументирано да се проверат ваквите наводи, се вели во реакцијата на ЗНМ.

To top