Македонија „СДСМ ги направи Македонците граѓани од втор ред“

„СДСМ не само што треба да замине во историјата, туку треба да се избрише од политичката сцена“ – критика од ќерка на поранешен амбасадор која 30 години е член на партијата

СДСМ не само што треба да замине во историјата, туку треба да се избрише од политичката сцена, напиша Ангелова.

„СДСМ не само што треба да замине во историјата, туку треба да се избрише од политичката сцена“ – критика од ќерка на поранешен амбасадор која 30 години е член на партијата

Весна Ангелова, ќерка на поранешниот амбасадор во Унгарија, Атанас Вангелов и пратеник во Собранието од редовите на СДСМ во перодот од 1994-1998, нa својот фејсбук профил излезе со критика за СДСМ за време на нивното седумгодишно владеење, пишува Фактор.мк.

„После 7 години владеење на СДСМ и мое 30-годишно членство во оваа партија, со големо жалење морам да го констатирам следново:

– СДСМ не направи апсолутно ништо добро за државата.

– СДСМ ја напушти социјалдемократската определба

– СДСМ ги направи Македонците граѓани од втор ред

Направената штета од лошите политики е далеку поголема од штетата што ја направи Скопје 2014.

СДСМ не само што треба да замине во историјата, туку треба да се избрише од политичката сцена“, напиша Ангелова на својот фејсбук профил.

To top