Коалицијата за евроспка иднина предводена од СДСМ изгуби и во родното село на Зоран Заев, поранешен претседател на партијата. Струмица, која важеше за бедем на социјалндемократите и општина со која сè уште раководи заевиот пулен Костадин Костадинов, гласаше против нивните политики и тоа разликата е голема.
Во Муртино има две избирачки места, гласачките места бр.1840 и бр.1841.
Резултатите на ДИК покажуваат дека и во двете места двојно повеќе гласачи има ВМРО-ДПМНЕ отколку СДСМ. Во оваа изборна единица носител на листа е големиот пријател на Заеви, некогашниот министер за здравство Венко Филипче.
Во првото изборно место за коалицијата на СДСМ гласале 166 лица, додека за коалицијата „Твоја Македонија“ заокружиле 287-мина. Гласови добиле и Левица и ЗНАМ, а двајца се одлучиле и за коалицијата на Стевчо Јакимовски.
Во второто избирачко место разликата меѓу Филипче и Николоски е повторно е голем. Број 1 заокружиле 145 лица, додека 2 – 234. Тука повторно два гласа доби ГРОМ, двоцифрени се гласачите на Левица и на ЗНАМ, а еден глас му е доделен и на коалицијата предводена од ДУИ.
Извор: Република.мк