Изборот пред граѓаните на претстојните избори е јасен, членство во ЕУ со СДСМ или изолација со ДПМНЕ, велат од СДСМ.
Според партијата ова се избори помеѓу надежта со СДСМ и безнадежноста со ДПМНЕ, избори помеѓу прогресивна иднина или заглавување во минатото.
-Евроинтеграциите се единствениот процес кој може да донесе позитивни промени и подобар животен стандард, подобро образование, здравство, функционално владеење на правото. Граѓаните знаат дека СДСМ има конкретен план, волја и знаење да ја однесе во Македонија во ЕУ. Затоа ќе го дадат својот глас за кандидатот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Стево Пендаровски, претседателот на сите граѓани, за европска просперитетна Македонија, додаваат од партијата.