Македонија колку нечовештина треба да имаш собрано за да ја палиш македонија?

СДСМ и ДУИ секогаш кога не се на власт се обидуваат да ја потпалат Македонија: Ангеловски потсетува на востановената практика на Бихаќка и Мала Речица

„Ние знаеме што се случуваше 2001-та, што се случуваше 2015-та во Куманово во Диво Насеље, тогаш буквално ја потпалуваа Макеоднија. Денес имаме по две основи, најпрво осомничен за потпалување висок функционер на ДУИ, сега возачот на Заев. Не можам ниту да сфатам колку нечовештина треба да имаш собрано во себе за да го направиш тоа“ коментира претседателот на МААК во „За или против“ на ТВ Алфа.

СДСМ и ДУИ секогаш кога не се на власт се обидуваат да ја потпалат Македонија: Ангеловски потсетува на востановената практика на Бихаќка и Мала Речица

-„Ако треба да им се одговори на СДСМ и нивните обвинувања за партизација од актуелната влада, треба само да се потестиме на изјавата на оној лик кому ни името не сакам да му го споменам, оној кој зборуваше за партизација од чистачка до министер, она „се’ ќе смениме и ќе поставиме наши луѓе“. Не го реков тоа јас, не го рече ниту ти, туку го рече нивниот претседател на партија пред да ја освои власта, чијшто возач денеска палеше“, посочува Страшо Ангеловски, претседател на МААК, во интервју со Љупчо Цветановски за Алфа.

Ангеловски не може да сфати како некој може да ја пали Македонија, и фигуративно и буквално, но потенцира и дека ова е востановена практика на СДСМ и ДУИ кога се во опозиција, на различни начини потпалувајќи ја државата за да се вратат на власт.

-„Тоа од една страна се несфатливи ситуации, но од друга се сфатливи – ние знаеме дека постојано, кога СДС и ДУИ не се наоѓаат на власт, се обидуваат да ја потплата или запалат Македонија, и фигуративно и буквално,  за да повторно се вратат на власт. Ние знаеме што се случуваше 2001-та, што се случуваше 2015-та во Куманово во Диво Насеље, тогаш буквално ја потпалуваа Макеоднија. Денес имаме по две основи, најпрво осомничен за потпалување висок функционер на ДУИ, сега возачот на Заев. Не можам ниту да сфатам колку нечовештина треба да имаш собрано во себе за да го направиш тоа“ коментира претседателот на МААК во „За или против“ на ТВ Алфа.

Најнови вести од Македонија

To top