Македонија соопштение

СДСМ: ДПМНЕ и министерот за внатрешни целосно го заглавија процесот на вадење пасоши

ДПМНЕ ги лаже граѓаните и создава уште поголем проблем со извадањето нови пасоши, се вели во партиското соопштение на владејачката СДСМ.

Од една страна нивниот министер за внатрешни работи во техничката Влада целосно го заглавува процесот со погрешни одлуки и чекори. Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши го укина вадењето пасош без закажување. Тоа го пролонгираше целиот процес со месеци. Граѓаните со денови не можат да закажат термин, а оние што се сликале не можат да го добијат пасошите со недели. Од друга страна ДПМНЕ ги лаже граѓаните дека со законско решение може да се сменат обврски од меѓународен договор. ДПМНЕ нема решение, како што најавуваше, туку на граѓаните им создава уште поголем проблем, истакнуваат од СДСМ.

To top