Македонија соопштение

СДСМ: Членство во ЕУ е добро за граѓаните

Европската иднина е клучна за граѓаните и за државата. Членството во ЕУ носи европски стандарди, повисок животен стандард на граѓаните, повеќе работни места, повисоки плати и пензии, подобро владеење на правото, уште подобро владеење на демократијата, отворен пазар од 500 милиони жители за македонските компании, пристап до европските фондови, се вели во партиското соопштение на владејачката СДСМ.

Трасиран е патот државата да биде дел од европското семејство до 2030 година, но ДПМНЕ го блокира напредокот кон членството во ЕУ. Блокадите на ДПМНЕ, се на директна штета на државата и на народот, водат во изолација и неизвесност, економско назадување, иселување на младите. ДПМНЕ не може да ја обезбеди европската иднина, не може да донесе добро за граѓаните, истакнуваат од СДСМ.

To top