СДС е вљубена во пржинската влaда. ВМРО-ДПМНЕ бараше нејзино укинување и пред изборите во 2024-та како опозиција, истото го бара и денеска. СДС како „слепи за стап“ се држат за шансата да прават драма и театар и да имаат министри барем сто дена во 4 години. Оти, поинаку не можат да имаат. Нити ќе имаат. Дај што даш, велат северните соседи на од СДС северизираната Македонија.
Токму поради тој редок ексклузивитет и краток ќеф, СДС и денеска јавно и јасно залелекаа:
„Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори.
Во вакви услови укинувањето на техничката влада би значело директен удар врз демократијата и загрозување на волјата на граѓаните.
Техничката влада мора да остне и СДСМ ќе ги искористи сите демократски механизми, да го заштити изборниот процес и слободната волја на граѓаните.“
И ДУИ уште во 2022-та поддржа укинување на техниката влада: Иако има договор за укинување на техничката влада, имајќи предвид дека не е логично земја членка на НАТО и земја аспирант за да почне и официјално преговори со ЕУ да има техничка влада за спроведување на избори поради немање доверба кај институциите, соопшти партијата на Ахмети.
Заев, Таче и Венко пак си имаат традиција на воршип кон оваа неуставна направија, шанса да направат некоја скаламуција и да бидат 100 дена министри во 1461 ден од четиригодишниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ. Поинаку, немаат ни теоретски шанси, знаат и самите. прашајте го Фрчко, ако не верувате…
Македонија во 2016-та доволно се ИСПРЖИ од Пржинската влада: Ни сменија уставно име, Устав, донесоа двојазичност, ја опустошија и искрадоа државата, затворија цела чета патриоти на правдина, се изживуваа со политички неистомисленици, затворија 2 телевизии и 4 весника. Доволно аргументи оваа политичка трагикомедија да не се повтори. Никогаш…