-7 години влаcта на СДС и ДУИ не презема ништо за намалување на загаденоста на воздухот. 7 години нивото на загаденост на воздухот, не само што не се намали, туку и се зголеми. Тие кои што не направија ништо за подобрување на квалитетот на воздухот, сега глумат душегрижници, изјави Анета Марковска Илиевска, советник во Совет на Град Скопје, на денешната прес-конференциаја.
Таа додаде дека, СДС треба да знаат дека за разлика од нив, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе преземе сериозни мерки за намалување на загадувањето на воздухот. Ќе се воведат строги ограничувања за најштетните извори на енергија и ќе се контролираат најголемите индустриски загадувачи.
Владата ќе обезбеди субвенции за граѓаните и фирмите кои ќе користат чисти енергетски решенија. Таквата пракса веќе почна со субвенциите за инвертер клими. Владата ќе започне програма за масовно пошумување и засилено чистење на јавните простори, потенцираше во изјавата.
-Овие мерки покрај забрзаната гасификација која ја најави премиерот и когенеративната централа, ќе значат намалување на загаденоста на воздухот на среден рок и ќе обезбедат почиста животна средина, изјави Анета Марковска Илиевска.