Заедно со овој прекрасен тим ја бараме Вашата поддршка да продолжиме да го градиме градот кој сите го сакаме, за современа, уредена и функционална Гевгелија. Изминатите четири години покажавме дека кога се работи посветено и вложуваме повеќе, граѓаните ја враќаат довербата, истакна Андон Сармандов на промоцијата во Гевгелија.
-Докажавме дека со чесност, посветеност и љубов кон Гевгелија може да се постигнат големи работи. Сега имаме обврска да одиме напред со уште повеќе енергија и уште повеќе резултати. Оваа одговорност ја делам со носителот на советничката листа Димитар Вегов и идните членови на советот на општина Гевгелија од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија. Тие ќе бидат мој најсилен сојузник, а ваш најгласен застапник во Советот на Општината. Со нивната посветеност и правилно одлучување, заеднички ќе ја реализираме програмата за доброто на сите наши сограѓани, рече тој.
Сарамандов оцени дека нивната програма е реална, јасна, конкретна и гарантира развој на општина Гевгелија и дека во неа нема проекти креирани со вештачка интелегенција.
Тој ги најави приоритетните проекти кои во наредните четири години ќе придонесат развој на Гевгелија во урбана и модерна заедница!
• Секундарен влез и излез во градот преку улицата „Борис Кидрич“. Потребата од нов влез и излез во градот Гевгелија, ја решаваме преку изградба на оваа сообраќајница на потегот од бензинската пумпа на Макпетрол до патот за населеното место Мрзенци.
Со реализација на овој проект Гевгелија ќе добие нова врска за побрз проток, нов влез и излез од градот, што ќе овозможи развој и простор за нови инвестиции.
• Реконструкција на „Маршал Тито“:
Улицата од станица до граница која претставува историски белег на градот Гевгелија, ќе биде целосно реконструирана со нова подземна инфраструктура, прередување на калдрмата со задржување на автентичниот лик, гранитно поплочување на тротоарите и ново современо осветлување.
Оваа улица ќе добие целосно нов лик каде ја спојуваме традицијата со модерното.
• Изградба на Кеј на Вардар.
Овој проект ќе се реализира на потегот од мостот на Мотел Вардар до граничниот премин Богородица во должина од 2,5 километри.
Предвидена е нова инфраструктура со зелен појас и современи пешачки и рекреативни содржини, со што граѓаните на општина Гевглеија ќе добијат уште една модерна и урбана содржина.
• Нов „Парк на Мирот“ кај Сува Река.
Овој проект наскоро ќе започне со реализација на потехот од улицата „Ристо Бојмалиев“ до улицата „Солунска“ покрај Сува река.
Гевгелија ќе добие нов парк од 25.000 метри квадратни со хортикултурно и партерно уредување и овој парк ќе стане новото белодробно јадро на градот.
• Нов Фудбалски стадион во урбан блок 5 – „Касарна“.
Капитален инфраструктурен проект кој ќе се реализира во согласност со модерните практики и кој ќе овозможи оптимални услови за развој на спортистите и младите од општина Гевгелија.
Со реализација на овој проект Гевгеличани ќе добијат репрезентативен објект за одржување на спортски и културни настани.
• Модерен Градски Плоштад:
Ново, функционално и модерно решение во Гевгелија за нов градски плоштад со можност за рекреација, дружење и културни содржини.
Со реставрација на старата чаршија во Гевгелија,со реконструкцијата на улицата Маршал Тито и изградба на нов градски плоштад, Гевгелија добива нов,модерен и урбан лик
-Кампањата не смее да биде театар на празни ветувања, таа треба да биде мост помеѓу вистината и надежта. Пред 4 години наследивме општина со 0 проекти и стагнација во развојот,за да потоа се соочиме со предизвици и проблеми настанати од пандемијата и од енергетската криза. Со успешно менаџирање се справивме со оваа наследена ситуација,а со макотрпна работа успеавме да ги реализираме ветувањата на кои се обврзавме пред нашите сограѓани во 2021г. Горд сум што денес имаме во тек реализација на 2 инвестицци кои ќе овозможат над 500 нови вработувања, а истеврмено ќе придонесат за зголемување на бројот на туристи и ноќевања во Гевгелија. Горд сум што Гевгелија се развива во успешна,модерна и урбана заедница. Гевгелија расте и чекори напред, порача Сарамандов.