Гевгелија продолжува да се развива како урбана, модерна и успешна заедница, рече на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов.
Задоволство ми е што денес Гевгелија добива нов модерен и урбан влез на градот. Во изминатиот период овде беа на овој потег, на влезот во градот, беа реализирани 4 проекти: Реконструкција на натпатникот на Железничката станица со дел од Булеварот, Дислокација на канал Рауљ, Изградба на нов мост кон населеното место Мрзенци и на крајот завршивме со изградба на нов кружен тек со хортикултурно уредување и модерно осветлување, истакна Сарамандов.
Гевгелија добива репрезентативен влез, продолжуваме со континуирани, постојани вложувања, за да имаме квалитетни, безбедни и естетски инфраструктурни решенија, додаде Сарамандов.