Македонија Асоцијација на земјоделци

Сарафимов: Африканската свинска чума „удри“ врз свињарството во источниот регион

Најмногу „удри“ на потегот од Штип до бугарска граница, Берово, Делчево, па и во Штип и Карбинци

Сарафимов: Африканската свинска чума „удри“ врз свињарството во источниот регион

Африканската свинска чума ги остави празни поголемиот дел од свињарските фарми во источниот регион. Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Сарафимов вели дека со појавата на африканската свинска чума најпогоден беше Брегалничкиот регион, односно фармите од Делчево до Штип. Сарафимов посочува дека има недостаток на свежо свинско месо во државата, бидејќи нема веќе свињи.

-Најмногу „удри“ на потегот од Штип до бугарска граница, Берово, Делчево, па и кај нас Штип и Карбинци. Овде се наоѓа и најголемата фарма, која задоволуваше 20 отсто од потребите на свинско месо во цела држава и затоа сега имаме недостог на свежо свинско месо. Сега ги чистиме фармите за да ги обновиме, ама тоа оди бавно и тешко,  вели Сарафимов.

Тој додава  дека нашата држава не извезува свинско месо, бидејќи одгледувачите на свињи одвај можат да ги задоволат потребите на македонскиот пазар. Според него и забраната за увоз на свинско месо во Албанија за нашата земја и произведители на месо  не  преставува удар, бидејќи во Албанија и ретко  имало извоз на месо. Сарафимов истакна дека поради оваа болест недостаток на свинско  има и во соседните држави, па затоа цената на жива мера е малку повисока.

-Нема ништо да значи оти ние во Албанија не сме извезувале месо, не сме имале извоз многу оддамна. Кај нас има недостиг на свежо свинско месо, но недостиг има секаде и во Србија и во Бугарија и затоа цените се малку повисоки, изјави Сарафимов.

Проблемот со свинската чума мора да се надмине, согласни се сточарите. Велат потребна е помош од државата, нова вакцина или нов метод и мора да постојата мерки и решенија за да не се доведеме во ситуација да нема свинско месо во земјава. Лани во една од најголемите фарми во штипско-карбинскиот регион беа уништени околу 9.000 свињи поради болеста африканска свинска чума.  (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top