Македонија ЦУК

Само еден пожар на отворено, 2 032 повици на 112 во последното деноноќие

Само еден пожар на отворено, 2 032 повици на 112 во последното деноноќие

Во последното деноноќие беше пријавен само еден пожар на отворено. Пожарникарите од ТППЕ Тетово вчера, од 18:25 до 19:10 часот, со тројца пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запалени отпадоци и ниска вегетација кај село Боговиње, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во рамки на кампањата „Пријави опасност на 112 во ЦУК“, Регионалниот ЦУК – Штип, информира дека вчера во 10:35 часот на бројот за итни случаи 112 е добиена пријава за неколку врби во Кочанска река, кај село Долни Подлог, Општина Кочани. Според пријавата, тоа претставуваат опасност доколку дојде до поголеми врнежи на дожд да ја попречат водата и да предизвикаат поплавување на околината.

-За овој случај контактирано е со АД „Водостопанство подружница Кочани“ од каде што е известено дека се запознаени со проблемот, но чекаат механизација за да се интервенира, стои во соопштението.

ЦУК апелира да не се пали вегетација на отворено, редовно да се чистат локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите.

Во последното деноноќие имало вкупно 2 032 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 46,01 отсто, а 53,99 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 62,54 отсто, кон Итната медицинска помош 32,63, кон пожарникарите 2,55, а кон АМСМ 0,10 отсто од реалните повици кон 112.

To top