Македонија

Сајкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја финансира изградбата на спортскиот комплекс во Битола за кој се избрани и идејните решенија

Сајкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја финансира изградбата на спортскиот комплекс во Битола за кој се избрани и идејните решенија

Конструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво направија и голем чекор напред кон изградба на спортски комплекс во градот, објект за кој се говори повеќе од десет години, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5.

„За прв пат избрани се идејните решенија како главна насока за започнување на изградбата, која претставува огромен финансиски товар за една општина.

Како идни креатори на централните политики, наша обврска е да го поддржуваме овој значаен проект, зошто капиталните проекти може да се реализираат само со меѓусебна соработка на централно и локално ниво.

Поддршката на спортистите мора да се зголемува, зошто тие се наши амбасадори во светот.

Битола ќе се развива како спортски град, со спортска инфраструктура по меѓународни стандарди“, вели Сајкоски.

To top