Поврзувањето на руралните и урбаните средини е многу важно за сите граѓани на една општина. Патеката која води кон Долно Оризари е проект кој граѓаните многу години наназад го бараат а сега конечно е реализиран од локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ова денеска преку изјава до медиумите го истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.
„Со инвестиција од над 6 милиони денари имаме прекрасно уредена и осветлена патека која Долно Оризари го поврзува со Битола. Ја зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот а пред се на младите луѓе кои често поминуваат во овој дел. Но уредувањето продолжува во внатрешноста на населеното место затоа што сите наши граѓани заслужуваат да живеат во инфраструктурно уреден простор. Токму затоа тука веќе се работи на подобрување на патната инфраструктура што е наша тенденција и во понатамошниот период за сите рурални средини“, вели Сајкоски.