Веќе се чувствува дека доаѓаат промените во Македонија, но мора да потенцирам дека изминативе 7 година тука во овој регион ништо не се инвестираше, не само што имаме пад на институциите, ние имате руинирана инфраструктура, нула инвестиции, распад на системот и тоа мора да го смените, затоа повикуваме на 24 април и на 8 мај приклучете се кон промените и големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, и носител во ИЕ 5, Ѓорѓија Сајкоски на вечерашниот митинг во Ресен.
Сајкоски истакна дека тоа ќе биде победа на народот против неправдите, но за да донесеме силни институции и претседател каков што заслужува Македонија, мора да се избориме и да излеземе максимално на овие избори.
-Сакам да направам една споредба сегашниот претседател велат дека надлежностите му биле ограничени или ги немал и затоа се однесувал вака или така, сакам да порачам дека Македонија памети дека имала претседатели, но изминативе 5 години немаме претседател, туку имаме статист кој ги премолчи сите процеси изминатиот период и кој наутро зборува едно, после пладне друго, а навечер ги демантираше двете работи, рече Сајкоски.
Сајкоски нагласи дека неопходно е да направиме промени кои ќе не носат кон подобра иднина во Македонија.
– Секој ден на Пендаровски му е Европа во устата, а нема посета на европски лидери, не посети ниту еден европски лидер, а од друга страна Македонија не ја посети ниту еден европски лидер. Затоа ние се стремиме и мора да донесеме претседателка која ќе ја води државата и која ќе биде заштитник на интересите на народот, интересите на македонските граѓани тука и ќе ја промовира Македонија надвор. Мора да донесеме голема победа, победата за ВМРО-ДПМНЕ е победа за Македонија, потенцираше Сајкоски.
Сајкоски нагласи дека иден претседател е Гордана Силјановска Давкова, а иден премиер Христијан Мицкоски затоа што ВМРО-ДПМНЕ ја има народната поддршка.
Останаа уште неколку недели до големата победа која ќе донесе раст, развој, правда, ќе донесе борба против криминал и корупција и надеж дека во Македонија може да се работи, изјави Сајкоски.