Крушево градот кој што во почетокот на 20-тиот век гордо се исправи, градот кој што на почетокот на 20 век се бореше за промени, за подобар живот, за слобода, за правда. Градот кој што и на 24 ти и на 8 ми мај ќе се одважи да донесе голема победа на ВМРО-ДПМНЕ, кажа Ѓорѓија Сајкоски носител на изборна единица 5 на денешниот митинг во Крушево во рамки на претседателската кампања.
Сајкоски додаде дека дојде време да се обединиме, дојде моментот кога нашето единство ќе докаже дека е најголема сила. Да покажеме дека нашата различност може да носи просперитет на нашата држава. Затоа ние денес од овде од Крушево зборуваме како ќе ја градиме и како ќе изгледа Македонија после 24 ти и после 8 ми мај со ваша огромна помош. Со помош на Крушево со помош на луѓето од изборна единица 5 со граѓаните на цела Македонија.
Сајкоски од Крушево порача дека ние не водиме кампања против никого, ние водиме кампања за доброто на Македонија, за ваше добро како нејзини жители и додаде:
Ние сакаме да побараме поддршка за да може да изгледа Македонија онаква каква што ја сонувавме во 90-тите. Сонувавме просперитетна, модерна држава, држава која што беше и мора да биде повторно респектирана и дома и надвор. Ние нудиме различен концепт затоа ве повикувам на 24 ти да излезете масовно да гласате за концептот кој што го предлага ВМРО-ДПМНЕ и поддршка за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова.