Се обврзавме пред вас дека Македонија ќе ја направиме подобро место за живеење. Си ветивме едни на други дека ќе работиме напорно да ја подобриме инфратруктурата, да имаме подобра економија, да имаме развој во сите сектори на општественото живеење, изјави Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Посочува дека по доаѓањето на власт, виделе дека поранешната структура оставила празен буџет, лоша инфраструктура, последици во сите сектори.
-Меѓутоа, нашата напорна работа, нашата активност, нашата поветеност ќе донесе резултати. За брзо ќе имаме правна и економска сигурност, имаме држава онаква каква што заслужуваат нашите граѓани.
Во изминатиов период направивме повеќе и во инфраструктурата, направивме да има повеќе и за образование, направивме повеќе да има и за пензионерите, направивме во сите сектори да има плус.
Затоа, верувајте дека ние Македонија ќе ја градиме заеднички со вас. Ќе ја направиме Македонија да биде место за живеење онакво какво што заслужуваат нашите граѓани. Верувајте дека темелите што ги градиме денес, ќе ги доставиме трајно да бидат надоградувани за сите генерации кои што доаѓаат после нас за Македонија да биде достоинствена и горда, нагласува Сајкоски.