Денес, по покана на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, министерот за спорт Борко Ристовски го пушти во употреба новото повеќенаменско спортско игралиште.
-Ова игралиште е резултат на нашите заеднички напори и посветеност кон подобрување на спортската инфраструктура во општина Василево. Верувам дека ова ќе биде место каде младите ќе можат да ги развиваат своите спортски таленти, да се дружат и да се натпреваруваат. Очекувам многу спортски настани и успешни натпревари на ова прекрасно игралиште, истакна Ристовски.