Македонија Министерство за спорт

Ристовски: Петровец ќе добие современо мултифункционално игралиште

Министерот Ристовски го означи стартот на новиот проект со вредност од три милиони денари.

Ристовски: Петровец ќе добие современо мултифункционално игралиште

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, денеска го означи отпочнувањето на изградбата на новото мултифункционалното игралиште во Петровец.

Овој проект е во рамките на капиталните инвестиции на Министерството за спорт за подобрување на спортската инфраструктура и на условите за спортување за сите граѓани.

-Со реализацијата на овој проект општина Петровец ќе добие современо игралиште кое ќе обезбеди модерни услови за спортување за сите граѓани, особено за младите кои се нашата иднина. Министерството за спорт продолжува со својата мисија да го врати спортот во секојдневието на граѓаните и да создава услови за сите да спортуваат. Секој нов проект е уште еден чекор кон поздраво и посилно општество – истакна министерот Борко Ристовски.

Вредноста на проектот за изградба на мултифункционалното игралиште во општина Петровец изнесува три милиони денари, а рокот за изградба е пет месеци.

To top