Македонскиот спорт ќе добие 438.000.000 денари поддршка од државата соопшти министерот за спорт Борко Ристовски во своето обраќање на денешното редовното годишно Собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).
– После субвенциите од 358.000.000 денари, дополнително ќе бидат исплатени уште 80.000.000 денари како директна поддршка за македонскиот спорт. Ја разбирам целокупната ситуција во спортот и затоа Министерството за спорт од сопствени средства, обезбеди дополнителни 80.000.000, за помош на ситеспортски колективи . Најголем дел од тие средства, околу 30.000.000 денари ќе бидат наменети за помош на ракометот – изјави Ристовски.
Дополнителни средства за клубовите и спортистите се очекуваат во јуни и јули кога ќе има ребаланс на буџетот.