Македонија решавање на повеќедецениски проблем

Ристовски: На навредите не им е место на спортските натпревари

Јас навистина не сум бил на тој натпревар, но, можам да кажам дека како министер, како Министерство и како Влада, секогаш се залагаме и ќе се залагаме за тоа да нема насилство во спортот и посебно да нема етнички мешања и етнички поделби во спортот. Затоа што вие посочувате еден пример, меѓутоа јас можам да посочам уште барем најмалку три од спротивната страна и ако влеземе во дебата кој гого повеќе навредува мислам дека ќе биде една дебата без крај, рече министерот Ристовски. 

Ристовски: На навредите не им е место на спортските натпревари

Министерот за спорт Борко Ристовски смета дека навредите воопшто, и особено навредите по етничка основа, не треба да бидат дел од спортските натпревари и затоа, како што вели, сите заедно треба да работат на решавање на овој повеќедецениски проблем.

Министерството за спорт, додаде Ристовски, работи и веќе има одржано неколку состаноци со навивачки групи коишто се дел од спортските натпревари.

-Мислам дека конечно треба да се надмине времето на проблемите на спортските натпревари и сите заедно треба да работиме на зближување на двата народа, да кажам, коишто се дел од, односно живеат во Република Македонија. Во таа насока Министерството за спорт оди чекор натаму. Ако сакате да ги делиме по етникум работите, Министерството инвестира  капитални спортски инвестиции во повеќе, да ги наречам албански средини, од кои бенефит ќе имаат албанските дечиња. Тие заедно со македонските дечиња треба на крајот на денот да создадат еден соживот. Затоа треба да направиме еден еден моментум каде и албанските и македонските дечиња заедно ќе играат, ќе се дружат, ќе растат заедно и на крајот на денот, можеби не оваа генерација, меѓутоа наредните генерации, ќе немаат такво нетрпение на спортските натпревари, рече Ристовски во одговор на пратеничко прашање на Халил Снопче.

Министерот за спорт се надева дека за брзо време овој проблем ќе биде решен.

-Не може одеднаш, затоа што кажав дека е и повеќе децениски проблем, вели Ристовски.

Тој нагласи дека не би сакал овој тип прашања да се мешаат со етнички проблеми затоа што нема место за тоа.

-Проблемите со навивачките групи се повеќедецениски проблеми и мислам дека сите заедно треба да работиме на смирување на тензиите за полека да се намалува тој притисок и со тек на време тој притисок да исчезнува, затоа што навистина не е лесно му е на МВР, ни на претседателот на ФФМ, а на крајот на денот ниту на спортистите коишто се дел од таков немил настан. Јас навистина не сум бил на тој натпревар, но, можам да кажам дека како министер, како Министерство и како Влада, секогаш се залагаме и ќе се залагаме за тоа да нема насилство во спортот и посебно да нема етнички мешања и етнички поделби во спортот. Затоа што вие посочувате еден пример, меѓутоа јас можам да посочам уште барем најмалку три од спротивната страна и ако влеземе во дебата кој гого повеќе навредува мислам дека ќе биде една дебата без крај, рече министерот Ристовски.

Апелира овој проблем да не се политизира, затоа што, како што истакна, не е на помош и не и оди во прилог ниту на Албанците, ниту на Македонците, ниту на било кој етникум којшто живее во државата.  (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top