Кандидатот за градоначалник на општина Конче од коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Златко Ристов се обрати пред присутните на мини-митинг во село Ракитец.
-Поминаа четири години откако ја започнавме заеднички нашата приказна наречена успешна и значајна општина Конче. Секојдневно заеднички ја градевме, село по село, улица по улица водејќи сметка за ниту едндо село на општина Конче да не биде заборавено, рече Ристов.
Тој истакна дека не беше лесно, со оглед на фаткот што затекнале.
-Затекнавме пустош и недомаќинско работење, но тоа е зад нас, било и никогаш да не се повтори. Во мојата работа како градоначалник секогаш се водев од потребите на месното население, ги слишав вашите предлози заеднички ги решававме сите проблеми и затоа сега имаме изградени и реконструирани патишта и улици низ сите населени места. Уредувавме јавни простори, паркови, затоа што сакаме нашите деца да растат во чиста и уредна средина, рече Ристов.
„Конче ја доживеа својата ренесанса во изминатите 4 години. Конче се градеше и развиваше паралелно со сите големи општини во Македонија“.
Ристов истакна дека неговата програма е веќе позната на граѓаните, и има за цел да ги реши сите нивни проблеми, а се состои и од проекти кои се од интерес на жителите на општина Конче.
„Во вториот изборен круг да излеземе масовно на избори да го направиме вистинскиот избор, за нашата општина. Нашата програма, мојата и на мојот тим на советник. Се потрудивме да стигнеме до секој еден од вас. Во неа се опфатени проекти од сите сфери“, кажа Ристов.
Како што вели тој, младите во општината ќе бидат поддржани преку стипендии и еднократна помош, а во делот на спортот, ќе продолжат да се градат и реконструираат спортски терени.
„Спортот и најмладите, ќе продолжиме да градиме и реконструираме стадиони, културни домови, ќе продолжиме да ги поддржуваме најмладите преку стипендии за најдобрите ученици, еднократна помош за секој ученик кој го завршува основното образование и се запишува во средно, стипендии за најдобри студенти“, истакна Ристов.
Ристов се осврна и на делот за инфраструктурата каде кажа дека ќе има реконструкција на системите за водоснабдување, а ќе се унапреди и дел од процесот за одржување на патиштата за време на зимскиот период.
„Водоводните и канализационите системи, ќе се реализираат следните: ќе извршиме реконструкција на системите за водоснабдување, во населените места Лубница, Горни Липовиќ. Дедино, Конче, Ракитец, ќе ги доизградиме системите за фекална канализација во Конче, Горни Липовиќ, Ракитец и Долни Липовиќ. До крајот на годината ќе биде испорачан камионот кипер кој што ќе биде во функција на одржување на патиштата по сите населени места, зимско одржуваме на нашите локални патишта и други потреби кои ќе произлезат од нашите граѓаните“, заклучи Ристов.