Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Ристески: Тензиите се резултат на дејствата на одредени функционери кои имаат криминално минато и се обидуваат да го заштитат своето богатство

„Видовме слики на лицата кои се приведени и кои го предизвикуваа овој настан, овие немили сцени, слики со Артан Груби“, заклучи Ристески.

Ристески: Тензиите се резултат на дејствата на одредени функционери кои имаат криминално минато и се обидуваат да го заштитат своето богатство

Пратеникот Петар Ристески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешното гостување на телевизија 24 во емисијата „Отворено“, истакна дека причината за тензиите и дестабилизацијата е резултат на дејствата на одредени функционери кои, според него, имаат криминално минато и се обидуваат да го заштитат своето богатство.

„Лично и како партија го осудувам и осудуваме ова што се случи и што се случува, но многу повеќе жалам кога го слушам вокабуларот на политичарите од опозицијата, вклучително и на колегите денес“, изјави Ристески.

Ристески истакна дека нема потреба од никакви тензии или дестабилизација, посочувајќи дека ситуацијата е обид на корумпирани функционери на ДУИ кои, како што рече, се стекнале со големи богатства на криминален начин додека ја практикувале власта.

„Ова дело е обид на корумпираните функционери на ДУИ кои во изминатите години, додека ја практикуваа власта, се стекнаа со големи богатства на криминален начин. Ова е еден начин да ги задржат украдените пари и да избегнат одговорноста пред органите на прогонот“, нагласи Ристески.

Според Ристески, празникот Ден на албанското знаме го празнуваат 99% од Албанците достоинствено и со почит, додека мал процент од нив, поврзан со криминални дела, го злоупотребуваат за свои цели.

„Кога еден празник, многу е лицемерно, ниско и мизерно, кога еден ваков празник, каде што 99% од луѓето од Албанците си го празнуваат на симболот на албанското знаме, достоинствено онака како што доликува. Мал процент, кој му бил ментор на тие млади луѓе со кого се сликани, со оној кој направи најголеми криминали и е најодговорен за тоа што се проневерија милијарди евра од државниот буџет во изминатиот период додека ДУИ беше на власт, а тоа е Артан Груби“, посочи Ристески.

Ристески истакна и дека е забележано присуството на лица кои биле приведени и кои играле улога во предизвикувањето на настаните и немилите сцени.

„Видовме слики на лицата кои се приведени и кои го предизвикуваа овој настан, овие немили сцени, слики со Артан Груби“, заклучи Ристески.

Најнови вести од Македонија

To top