Македонија

„Ревизијата констатирала отсуство на процедури во случајот на Палчо, токму тоа го спасува Спасовски од кривична одговорност, СДС да одговори до кај е екстрадицијата на Палчо, дали на повидок е нов скандал“

Ја разбираме потребата на СДС да го брани сопствениот поранешен претседател на градска организација и осомничен за сурово двојно убиство Љупчо Палевски Палчо, но тоа што утврдила ревизијата е отсуство на процедури кои се начин низ кој се провлекува Оливер Спасовски и неговата одговорност за ненавремената реакција на службите за двојното убиство, ова преку реакција на прес-конференцијата на Даниела Колева до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„После 8 години министерување прашањето е зошто Оливер Спасовски не донел процедури за задолжително постапување во вакви случаеви? Сака СДС од чии структури се изроди Палевски да не убеди дека е нормално што се возел среде Скопје со возилото на прво убиениот и се движел непречено? На крајот СДС да го праша министерот за правда до кај е екстрадицијата на Палчо? Дали е на повидок негово ослободување?“, прашуваат од партијата.

To top