Македонија Водостоите на реките значително над ноемврискиот просек

Рекордни зголемувања: Сатеска со 12 пати поголем водостој, Треска со осум

Најголемото отстапување е кај Сатеска во Ботун, каде водостојот е дванаесет пати над ноемврискиот просек, односно од 5 на 64цм.

Рекордни зголемувања: Сатеска со 12 пати поголем водостој, Треска со осум

Водостоите на речните текови во земјава денеска се значително повисоки од просекот за месец ноември, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Единствено кај реката Брегалница во Берово е измерен водостој понизок од просекот – 12 сантиметри, наспроти вообичаените 22.

Кај останатите реки се бележат зголемувања. Вардар кај Јегуновце и кај Велес има двојно повисоки вредности од просекот, додека кај Треска во Македонски Брод водостојот е осум пати поголем – од просек од 13 сантиметри на денешни 108.

Пчиња кај Катлановска Бања бележи трикратно зголемување – од 40 на 124 сантиметри, исто како и кај Бабуна во Богомила (од 14 на 42) и кај Црна Река во Новаци, каде водостојот скокнал од 65 на 246 сантиметри.

Најголемото отстапување е кај Сатеска во Ботун, каде водостојот е дванаесет пати над ноемврискиот просек, односно од 5 на 64цм.

Кај природните езера има минимални зголемувања во однос на вчерашните мерења, но без поголеми отстапувања од просекот за ноември.

Температурата на Охридското Езеро утрово е 13,5 степени, на Преспанското 10,5, а на Дојранското 13 – сите во рамките на сезонскиот просек.

To top